Искусете ја вистинската суштина на руралното живеење во Пирустија Неданоски во живописното село Рамне, на само 5 километри од Охрид, опфатено со убавината на Националниот парк Галичица. Спокојството на овој идиличен амбиент е совршен избор за мирно и извонредно рурално бегство, нудејќи автентично сместување, прекрасни активности и вкусна домашна кујна.

Па да погледнеме зошто Пирустија е дестинација која мора да биде во вашиот ,,bucket list” и што е она што ја прави уникатно и неспоредливо искуство кое се издвојува од кое било друго.

🌿Pristine Air Spa: Село Рамне на Галичица е воздушен спа центар, мирна атмосфера со симфонија на природата, и многу вода од локалните извори.

🏡Комфорно сместување и удобност: Ве очекува шармантно, скоро реновирано рустикално сместување со приватно купатило со основни сретства за лична хигиена (сапун, шампон и пешкири). Гостите можат да ги искористат предностите на добро опремената заедничка кујна и машината за перење. Во моментов капацитетот со кој располага Пирустија е до три (3) лица или четиричлено (4) семејство, 2 возрасни и 2 мали деца.

🌇 Чардак со поглед и простран двор: Традиционалниот балкон – Чардак изработен од камен и дрво, ќе ве почести со неверојатен панорамски поглед на прекрасното Охридско езеро. Опкруженo со фарма, зеленчукова градина, овошни дрвја, простран двор со природни сенки и огниште, Пирустија е совршено место за редефинирана релаксација, за интимнимни или друштвени собири.

🐓Авантура на фарма: Пирустија овозможува и посета на мини фарма со низа шармантни животни, вклучувајќи кокошки, потполошки, зајаци, кученце, прасиња, патки и кози. Може да ги погалите, да ги нараните и да снимите незаборавни моменти со овие преслатки суштества.

You may also want to take a look at this blog post:  Why Montenegro is Your Best Choice for This Summer!

🍄Задоволства на природата: Истражете ги чудата на природата со активности како собирање на лековити тревки за чај, печурки и берење бобинки. Направете лежерни прошетки низ селото, посетете ја градинката и откријте го шармот на селската црква. Освежете се на блиските чешми со ладна изворска вода и следете ја шумската патека која води до селските лозја.

🍽️Кулинарска магија: Сведочете за уметноста во кулинарството на домаќинката Наташа, бидејќи секое јадење се подготвува со користење на „традиционалниот метод на Пирустиа“ и „Сач“ непосредно пред вашите очи. Наташа внимателно ги избира и ги користи најсвежите состојки, вклучувајќи зеленчук, месо, јајца и млечни производи од нивната органска фарма и градина, како и од доверливи локални фармери. Нивните опции од мени нудат по нешто за секого , месо од дивеч ,,сарми”, полнети пиперки, мусака, разни печења, салати, домашна ракија, домашно вино и домашни џемови и мармалади. Но, не завршува тука! Вашето искуство со храна оди подалеку од чинијата. Можете да се вклучите во процесот на готвење и да ја научите уметноста на подготвување традиционални јадења заедно со Наташа. Тоа е единствена можност да се вклучите во кулинарското патување и да создадете незаборавни моменти заедно. Препуштете се на автентичните вкусови на нивните домашни јадења, знаејќи дека секоја состојка доаѓа директно од богатата земја што  не’ опкружува.

🥧Часови „Учиме да месиме“: Придружете ѝ се на Наташа во реткото и драгоцено искуство додека ја користите можноста да учите да месите. Со предавање на преку 300 желни ученици, Наташа љубезно и несебично ја споделува својата експертиза и страст за уметноста на месење, создавајќи прилика секој учесник да стане дел од богатата традиција на правење на традиционални зелници, ѓомлезиња, кошмишпите итн, карактеристични за регионот и генерации наназад.

You may also want to take a look at this blog post:  A Weekend in Struga — Places to Visit and Things to See!

Одвојте миг овде да ги погледнете сликите на Пирустија и веднаш ќе посакате да се пренесете во ова идилично сместување. Во Пирустиа, ќе се ослободите од секојдневните грижи и верувајте, ќе искусите автентичен шарм, и незаборавни задоволства.

Не пропуштајте го ова збогатувачко искуство! Резервирајте го вашиот престој и тргнете на патување на автентично рурално живеење, каде што традицијата, топлината и природната убавина се спојуваат во прекрасна хармонија.

НАПОМЕНА: Во зимските месеци, понудата е ограничена исклучиво на сместување од 2 ноќи минимум и доручек!

За какви било прашања или резервации, ве молиме слободно контактирајте не на:

моб: 070 383 767

e-mal: balkanea.com@gmail.com

Љубезно ве замолуваме да имате предвид следново:

*Цената е 55 евра по соба за ноќевање, без разлика дали има еден, двајца или тројца гости.
Минимум престој од 2 ноќевања (110 евра/2ноќи)
*Двете соби се идентични.
*Четиричлено семејство користи две соби со попуст.
*Во цената е вклучен појадок.
*Вклучени се и даноците и таксите.

Имотот е отворен од мај до септември, но ги поздравува посетителите во текот на целата година.

Во летниот период, ако сте семејство или пријатели, па дури и еден посетител, Наташа ќе обезбеди ексклузивност на објектот со цел вистински да ви ја долови убавината на селото.
За ручек или вечера изберете ја опцијата без месо од 30 евра/лице или вкусете инзвонредно јадења со месо по 35 евра/лице (достапна во лето).
Децата под 12 години уживаат во оброците по половина цена.
Можноста да се вклучите во процесот на готвење и да ја научите уметноста на подготвување традиционални јадења заедно со Наташa е вклученo во цената

You may also want to take a look at this blog post:  Explore Galicnik and the Galicnik Wedding!